Елена Елче Димова е мултидисциплинарна уметница родена во Велес во 1992 година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика со конзервација и реставрација (2014), а магистерските студии по графика ги завршува во 2025 година. Нејзиниот уметнички израз вклучува дигитални графики, инсталации, експериментални форми и интерактивни дела што вметнуваат современи технологии како Augmented Reality (AR) и QR-кодови, користени како алатки за комуникација со публиката. Делата се насочени кон социјални и политички теми, со цел да предизвикаат влијание и општествена рефлексија.